fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците и сточарите со ултиматум до Владата и МЗШВ, во спротивно протест!

Итно исполнување на 7 барања за спас на земјоделието!

Новоформираните тутунски здруженија заедно со здруженијата на лозарите, оризопроизводителите, јаболкопроизводителите, сточарите и полјоделските здруженија излегоа со заклучоци од вчерашната средба во Прилеп. Тие упатуваат ултиматум до Владата да ги исполни нивните барања во спротивно најавуваат протести.

Нивните барања до Владата и МЗШВ ви ги доставуваме во целост.

 

До Влада на РСМ-Премиер Димитар Ковачески и доставено до МЗШВ-министер Љупчо Николовски.

Предмет: Б А Р А Њ Е

Почитувани,

Поради катастрофалната ситуација во која се најде земјоделието предизвикана од светската криза и лошите политики кои се водеа во оваа гранка, ние новоформираните тутунски здруженија заедно со здруженијата на лозарите, оризопроизводителите, јаболкопроизводителите, сточарите и полјоделските здруженија на ден 10-03-2022 во Прилеп одржавме состанок на тема:СПАС НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА.

Од состанокот произлегоа неколку заклучоци кои вие како Влада и Министерство за земјоделие доколку сте чесни кон граѓаните на оваа држава МОРА да ги спроведете.

1.Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде во литар по единица површина. Важноста на мерката да почне веднаш.

2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на трошоците за живот и процентуалното зголемување на минималната плата и нивна исплата пред почетокот на секоја производна сезона.

3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои се користат во земјоделието.

4.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.

5.Ослободување од концесија на државно земјиште, пашарина, наводнување и одводнување за 2022.

6.Изготвување на анализи за производна цена на секој земјоделски производ како и гаранција од државата за минимална заработка на производителите од најмалку 30% од производната цена на производите како и гарантирање на исплатата од страна на трговците(банкарска гаранција).

7.Покрај традиционалните, ИТНО изнаоѓање на алтернативни пазари за сите земјоделски култури.

Во врска со овие наши барања очекуваме позитивен одговор од ваша страна најкасно до вторник 15-03-2022 година, доколку не добиеме позитивен одговор тогаш ќе бидеме приморани во најкраток можен рок да организираме протести во цела држава на ист датум и време бидејќи нема да дозволиме поради глувоста на Владата и Министерството за земјоделие да пропаднат земјоделците, а со самото тоа и граѓаните на Македонија.

Новоформирани тутунарски здруженија

Нема достапен опис

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close