Агро бизнисВестиТоп вести
Студени утра, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Во Тетово, Битола и Берово утрово минус 1 степен
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Најниската температура во државава изутринава изнесува – 1 степен, во Тетово, Битола и Берово, по што следуваат со 0 степени Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Mаврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес, 2 Kрушево, Штип и Кавадарци, 4 Гевгелија и Охрид, пет Претор, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.





