Земјоделците ноќта ја претвораат во ден, за да однесат од родот на пазар
Земјоделците за да ги избегнат горештините работат од 3 часот , најдоцна до 7 часот изутрина
Високите температури ги принудија земјоделците да го прилагодат работното време. Ако пред тоа работеа од 07:00 часот, сега работат од 03:00 до 07:00 часот, на овој начин на организирање на распоредот за работа велат дека ги избегнуваат горештините, објави alsat.mk
Го сретнавме Милазим Алили продавач на лубеници. За да стигне до овој земјоделски производ на пазарот, Милазим морал ноќта да ја претвори во ден.
„Сега не фати жештината, температурите се скоро 50 степени, робата се расипува на нива, излегуваме овде и продаваме или не продаваме, не се знае, работиме на отворено, ако дојде некој да купи, добро ако не, што да правиме. Колку часот одите на нива? Одиме во 4 или 5 часот наутро и до 7 или 8 бегаме бидејќи високите температури, град порано, сега жештините, не можеме да ги покријеме трошоците“, вели Милазим.