fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Вода за пиење обезбедена за Пробиштип, Свети Николе и Штип

Се заокружува првата фаза од ХС „Злетовица“

Во завршна постапка е првата фаза од Хидросистемот „Злетовица“, кој треба да обезбеди водоснабдување на вкупно пет општини. Вода за пиење од овој систем добиваат Пробиштип, Свети Николе и Штип, додека Карбинци со изградбата на цевководот до осумте населени места кон крајот на годината, а за Лозово се заокружува документацијата за старт на изградба на филтер-станица.

Се заокружува првата фаза од хидросистемот „Злетовица“, кој треба да обезбеди водоснабдување на вкупно пет општини, порача при посетата на Пробиштип, министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според него Владата во 2018 и 2019 година издвои дополнителни средства за целосна реализација на водоснабдувањето на пет општини од овој систем, а се инвестирани во филтер-станици, цевководи. Вода за пиење од овој систем добиваат Пробиштип, Свети Николе и Штип, додека Карбинци со изградбата на цевководот до осумте населени места кон крајот на годината, а за Лозово се заокружува документацијата за старт на изградба на Филтер станица. Тој најави дека во четврток ќе се потпише и последниот анекс за грантот со банката за реализација на втората и трета фаза, а тоа е за наводнување на земјоделско земјиште и производството на електрична енергија.

– Со тоа ги завршуваме сите активности и влегуваме во распишување на постапките за втора и трета фаза со „Злетовица“, така што тоа е уште еден нов и убав момент за целиот овој регион, за Пробиштип и за сите општини, бидејќи овој проект долго време беше заглавен низ административни, бирократски лавиринти, преговори, договори, нејаснотии, нерасчистени работи, рече Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close