fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од Кочанско ја почнаа жетвата на оризот

Земјоделските производители од кочанскиот регион ја почнаа жетвата на оризот во атарот на селата Чешиново и Чифлик, со што почна собирањето на родот од овогодишната реколта.

Земјоделските производители од кочанскиот регион ја почнаа жетвата на оризот во атарот на селата Чешиново и Чифлик, со што почна собирањето на родот од овогодишната реколта.

Десетина дена пред вообичаениот термин за почеток на жетвените активности, користејќи ги поволните временски услови, според првичните резултати оризопроизводителите очекуваат добар род и квалитет на главната земјоделска култура во регионот што беше засеана на околу 4200 хектари.

-Веќе ожнеавме дваесетина декари засеани со ориз од сортата опале, која има нешто пократка вегетација од другите сорти, а добиените количини се во рамки на просекот, односно по околу 600 килограми арпа од декар. Пробните количини што се излупени даваат рандман од околу 50 отсто, што исто така е добар квалитет за оваа сорта. Се надеваме на добри приноси, но проблем остануваат ниските откупни цени и пласманот, со оглед што и дел од минатогодишното производство сè уште ни стои непродадено, истакна Илчо Нисов, земјоделец од Чифлик.

Се очекува годинава од полињата во кочанскиот регион да се соберат над 20 илјади тони оризова арпа, од кои околу две третини беа засеани со италијанските, а остатокот отпаѓа на сортите што пред неколку години беа увезени од Турција. Во моментот откупните претпријатија за килограм арпа исплаќаат од 15 до 18 денари во зависност од сортата, што за земјоделците е далеку под производствената цена и не можат да ги покријат трошоците.

Во мирување е ставен протестот што земјоделците го најавија за утре со блокирање на патот Кочани – Штип, а во меѓувреме е договорена средба во Владата на која ќе се разговара за проблемите со пласманот и ниските откупни цени. https://nezavisen.mk/zemjodelcite-od-kochansko-ja-pochnaa-zhetvata-na-orizot/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close