fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделките се откажаа од државната помош

Им се ветуваат пари, па не им се исплаќаат

Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини, заклучи Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема „Родова   еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“. Целта на ревизијата беше да се утврди дали се развиени мерки, политики за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд.

Ревизијата се спроведе како кооперативна ревизија со ВРИ на Албанија и ВРИ на Косово, со поддршка на Агенцијата на Обединетите нации за родовa еднаквост и зајакнување на жените „UN Women“, каде Државниот завод за ревизија ја имаше улогата на координатор на активностите.

Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да го изразиме следниот заклучок: Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини.

Имено, во Националните стратегии за вработување и акциските планови не се предвидени посебни цели, индикатори, мерки и активности прилагодени за потребите на жените од руралните средини за нивно вклучување на пазарот на труд.

Жените од руралните средини и нивното вклучување на пазарот на труд, не се дел од стратешките приоритети и цели на Владата.

Податоците за реализација на Оперативните планови за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот не содржат податоци за корисници на мерки разделени по рурални и урбани средини, поради што не може да се утврди учеството на жените од руралните средини во овие програми и мерки.

Мерките за вработување и обуки кои се реализирани во периодот се општи, наменети се за сите мажи и жени во државата, но во нив не е вклучена родовата перспектива и не се прилагодени на потребите и специфичностите на жените во руралните средини.

Слични написи

Back to top button
Close