Земјоделската комора на Виена го претстави новиот локален бренд
Виена има 645 земјоделски стопанства, а од 5700 хектари виенско обработливо земјиште, 4300 хектари се ораници.
Земјоделската комора на Виена, разви нов локален бренд „Градска жетва на Виена“ и неодамна го претстави на јавноста во собранието на градот. Благодарение на новиот бренд, земјоделските производи со висок квалитет и со виенско потекло, сега ќе бидат препознатливи. “Градската жетва на Виена„ се базира на државно признаени сертификати за контрола на квалитетот и потеклото.
Со новиот бренд можат да бидат означени само производите кои се одгледувани на виенска почва. Виена има 645 земјоделски стопанства, а од 5700 хектари виенско обработливо земјиште, 4300 хектари се ораници. Производството на зеленчук се простира на 543 хектари, додека виенско вино се произведува на 637 хектари. Во рамките на 207 главно семејни земјоделски стопанства, се произведуваат 40 различни видови зеленчук. „Благодарение на кратките релации на транспортот, локалните производи даваат значаен придонес за заштитата на климата.
Разновидните земјоделски производи, кои се одгледуваат на подрачјето на градот, стигнуваат секогаш свежи до потрошувачите“, објаснуваат одговорните за клима во градската администрација. Од 1978 година, Виена започнала да ги организира сите земјоделски стопанства како еколошки, а денес се располага со 1700 хектари еколошко обработливо земјиште.https://www.porta3.mk/zemjodelskata-komora-na-viena-go-pretstavi-noviot-lokalen-brend/