fbpx
ВестиТоп вести

Есенска сеидба. Што да се посее ?

 

Последните врнежи го вратија оптимизмот во земјоделството дека ќе има шанса земјоделците да ги подготват нивите навреме за да ги запазат оптималните рокови за есенската сеидба како една од најзначајните операции во земјоделството. Покрај квалитетната обработка, следење на оптималните рокови квалитетното ѓубриво една од најзначајните алки од која зависи на крајот на годината дали ќе ожнеете профит е вистинскиот избор на квалитетен сертифициран семенски материјал. Кога се зборува за квалитетен семенски материјал потребно е да се знае дека многу е важно како е истретирано семето, дали е направено со квалитетни препарати или само со некоја црвенкаста боја во разредени количини.

Во успешните развиени земји тоа се прави со препарати кои ги исполнуваат строгите европски норми како и во точно определени дози без штедења и разредувања и со професионални машини запрашувачи каде се е автоматизирано и исклучена е можноста за човечка грешка. Квалитетното  запрашување на семето е многу значајно за да се обезбеди да се сведат на нула можностите преку семето да се пренесат болести кои понатаму ќе го компромитираат производот. Такви селектори кои имаат автоматски запрашувачи каде човек само го контролира процесот во земјава има многу ретко а најсовремениот кој е германско производство се наоѓа во Агростарт Клечовце.

-Употребата на квалитетна механизација со најсовремени трактори, сеалки и комбајни како и примена на полна агротехника во производството на семенскиот материјал се заокружуваат со врвна опрема за доработка на семето од реномираниот германски производител Петкус каде се е автоматизирано. Сметаме дека е потребно јасно да им се каже на земјоделците дека на пазарот со семенски материјал може да се најде се и сешто но тие секогаш треба да се интересираат и за своето производство да го обезбедат само најдобриот квалитет за да имаат можност да го искористат потенцијалот кој го нудат високо родните и квалитетни сорти на пченица кои ги дистрибуираме до земјоделците, рече Бубе Трајковски од Агростарт од кумановско Клечовце.

На производните парцели се следи целиот процес на секоја сорта посебно и по неколку годишните успешни резултати се нудат тие сорти на пченица до земјоделците додека оние сорти кои не се покажале во нашите климатски услови воопшто понатаму не се умножуваат. Со таков принцип на работа за земјоделците селектирани се неколку сорти кои секоја со своите производни карактеристики е адаптирана за разните агро климатски услови на секој регион и во консултација со Агростарт им се препорачува на секој земјоделец засебно дали да одбере Победа која со години има стабилни приноси и никогаш нема да ве остави со слаб род а од друга страна е и доста барана од мелничарите или ќе се препорача Симонида која неколку дена порана или за пелагониските земјоделци каде има појаки почви често им се препорачува новата сорта Илина. Во тренд во последно време се осилестите сорти на пченица па така се побарани се Обала, НС-40-С сите сорти на реномираниот новосадски институт како и Фаладо кој е понова генетика на швајцарскиот гигант Сингента.

-Порано институтите кои се грижеа за земјоделството во поранешна Југославија главно беа фокусирани на производство на семиња кои имаат висок принос но и квалитет кој се бара од мелничарите. Денес сведоци сме дека се повеќе за сметка на приносите е намален квалитетот заради што и постои големо незадоволство кај мелничарите па често знаат да кажат и да увезат пченица од Србија од сорти со кои се подобруваат својствата. Ние од тој аспект сме ориентирани на ширење и препорачување на семиња кои се квалитет кој го бараат мелничарите и кои ние во производство ги жнееме со 820 до 830 грама хектолитарска тежина. Досегашната политика на откуп без да се води сметка за класата на пченицата и без соодветно да се вреднува придонесе да се сее без да се размислува многу за квалитетот но ако почне да се применува правилникот кој постои за таа работа и ако почнат да бараат и вреднуваат квалитет мелничарите тогаш до израз ќе дојдат и квалитетните сорти на пченица. Ако имате квалитетна пченица која ја бараат мелничарите и во лоша година кога не оди најдобро откупот вашата сепак прва ќе се откупи додаде Трајковски од Агростарт.

Во периодот кога почнува трката за набавка на семе и кога сите се размислуваат која сорта да ја одберат и на која компанија да и ја дадат довербата многу важно е да не се избрза и предуслов за најважната одлука да биде само цената која за денар или два може да ви одреди во кој правец ќе оди производството и какви ќе бидат жетвените и продажните резултати а со тоа и каков ќе биде приходот односно дали тој денар или два заштедени на семето ќе ви донесат поголема заработка на крајот на годината.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close