fbpx
Вести

Земјоделската преработувачка индустрија, 2015 ја завршила со рекордно производство

Преработувачката и конзервната индустрија минатата година ја завршија со рекордно производство, најголемо во последните 20 години, соопштија нејзините претставници на последниот координативен состанок. На средбата беа разгледани идеи за зголемување на конкурентноста, како и за искористување на можностите за нејзино подобрување. Фирмите задоволни од досегашните резултати. Веруваат дека ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина.
zemjodelskata prerabotuvachka industrija 2015 ja zavrshila so rekordno proizvodstvo
Како што изјави извршниот секретар на МАП Сашо Ристески, конкретни, официјални бројки за извозот се уште нема, но се очекуваат кон крајот на февруари, кога ќе има и повеќе детали за состојбите во секторот минатата година.
Министерството за земјоделство најавува дека ќе продолжат активностите за координација меѓу производителите, преработувачите и извозниците.
– На договорите меѓу примарното производство и преработката треба многу да се работи. Ќе продолжиме да работиме на тоа врската меѓу примарното производство и преработката од година во година да биде на што повисоко ниво. Лани во Струмица одржав заеднички состанок со производителите, преработувачите, откупувачите, односно извозниците, каде се договараше што е она што земјоделците треба да го засадат за оваа 2016 година да не биде проблем, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, според кој, цените на производите не зависат само од домашниот пазар, туку и од околните земји, поради што постои претпазливост и од страна на преработувачите и од земјоделците.
FFA02A188B6B754E8F41FA5A18699871
Во однос на субвеционирањето на преработувачките капацитети, Цветков истакна дека Програмата за директна поддршка предвидува околу 23 милиони денари.
– Досега правилото беше прв дојден, прв услужен и имаше едно големо незадоволство од преработувачите. Денеска ќе разговараме за тоа и ние би прифатиле тоа да оди пропорционално. Секој колку што има извезено во 2015 година согласно податоците од царина, така средствата предвидени во програмата за оваа намена ќе бидат пропорционално распределени, информира Цветков.
Паралелно, со околу половина милион евра – Владата и годинава ќе го поддржи учеството на македонските компании од агро-секторот на меѓународните реномирани саемски манифестации. Винарии, преработувачи и производители на овошје и зеленчук, но и млекарите и годинава ќе имаат можност да ја искористат владината поддршка и своите производи ќе ги промовираат во земјите од ЕУ, САД, Кина, Русија.
– Оваа владина програма дава навистина позитивни резултати. Домашните компании кои учествувале на саемските манифестации реализирале однос и потоа склучиле зделки со странски компании за извоз на домашни земјоделски производи во висина од над 35 милиони евра. Тоа е навистина една добра гаранција и мотив повеќе за сите останати компании од овој сектор да ги искористат можностите кои им стојат на располагање, да влијаат позитивно на нивната профитабилност и на отворањето на нови работни места, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
354244-rekordna-2015-godina-za-zemjodelskata-prerabotuvachka-industrija
Само минатата година околу 50 домашни компании преку успешни настапи на саемите во Кина, САД, Полска, Русија, Германија, Данска, Холандија, Англија, Чешка, договорија извоз на земјоделски производи во вредност од над 15 милиони евра.
Овие постигнати резултати и за институциите и за претставниците на компаниите претставуваат доказ дека континуираниот дијалог и заедничка соработка помеѓу сите засегнати страни во агро секторот позитивно влијае на растот и развојот на земјоделското производство.
Според податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тримесечје од 2015 откупот и продажбата на земјоделски производи биле зголемени за 7.9% во однос на истиот период од 2014-та година.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close