Кога јарињата се одгледуваат заедно со мајките тие цицаат во секое време.
Тоа често предизвикува повреда на вимето на козите. За да се избегне ова, по
навршувањето на 15 дневна возраст може да се одделат јарињата и да се пуштаат по
3 пати дневно да цицаат. По втората недела може да им се даваат висококвалитетно
сено и концентратни смески. Растот на јарињата во првите месеци зависи исклучиво
од млечноста на приплодните кози. Соодветна концентрирана храна за нив се:
пченица, пченка, јачмен, трици. Сеното се дава по желба. Концентрираната сточна
храна се зголемува постепено.