fbpx
Вести

Земјоделски календар за месец ноември

Ноември е типичен есенски месец. Денот брзо се намалува, а со тоа и сончевите периоди, со што се намалуваат и вредностите на надворешната температура и доаѓа до појава на карактеристичните временски феномени: магла, мраз, температурни инверзии и сл.

Овоштарство

Во месец ноември има доволно дена кои што треба да се користат рационално за работа во овоштарниците. Продолжува извршувањето на агротехничките мерки кои што се од суштинско значење за здравствената состојба на растенијата. Ако веќе не е завршено со бербата на покасните сорти на јаболката, крушите и дуњите, со садење на нови овошни дрва, со прскање на јаболчестото овошје со уреа, со есенската обработка на почвата и др., тогаш ова е правото време да се заврши со тоа. Откако ќе паднат лисјата, препорачливо е да се заораат за да се уништат заразните форми кои би презимиле под листовите.

За да се уништат презимните форми на црвите и другите видови од Лепидоптера, потребно е да се изгреби, отстрани и изгори старата кора на стеблата и на подебелите гранки од дрвата. Ова треба да се направи со тап нож, за да не се оштети здравото ткиво под кората.

Препорачливо е во овој период од овошните насади да се искорнат, отстранат и изгорат садниците кои што биле заразени од апоплексија, бактериози, вирусни болести и сл. Бидејки доколку останат во овошните градини тие претставуваат извор на заразни болести.

Задолжително треба да се испрска со бакарни препарати за превенција од кадравост на листот кај праската, рано кафеаво гниење и сл. Доколку тоа не е направено во текот на месец октомври.

Пред појавата на зимските мразеви препорачливо е стеблата на младите садници да се обвиткаат со хартија, полиетиленско платно и др. Материјали, како заради заштита од студот, така и заради заштита од зајаци и други глодари.

Стеблата и дебелите гранки треба да се премачкаат со раствор од 2,5кг гасена вар и 0,5кг син камен, заради спречување на пукање на кората во текот на зимата.

Градинарство

Испразнатите градинарски површини се чистат од растителните отпадоци. Потоа се врши ѓубрење со комбинирано ѓубриво и длабоко орање. При полседната обработка на почвата препорачливо е да се истретира со регистриран почвен инсектицид против нематоди и други штетни инсекти и со хербицид против плевели. Потоа почвата се покрива со фолија, а после една недела фолијата се отстранува и по 2-4недели почвата повторно се обработува. Доколку температурата е над 10 степени, обработката се врши порано. Зимските култури може да се посадат по 20 дена. Овај третман се прави еднаш на 3 години.

Оранжериите до 1 декар препорачливо е да се испрскаат со 1% раствор од формалин, по што оранжеријата се затвора на 1-2 денаа после се проветрува. Во оранжериите каде што има и правилно функционира инсталацијата за проветрување, формалинот се внесува преку не и тоа околу 60 литри за 3000 метри кубни воздушен простор. Оранжеријата се затвора 1-2 дена и потоа се проветрува.

На почетокот на месецот се врши сеидбата на доматите и краставиците за зимското, оранжериско производство, при што семето треба да биде деконтаминирано.

Сеидбена норма:

Домати – 30гр. или 4000 растенија на хектар

Краставици 50 – 60гр. или 2200 растенија на хектар

Пипер – 120 – 140гр. или 4000 растенија на хектар.

Лозарство

Во овој период се врши основното ѓубрење со комбинирани ѓубрива, по што земјата се заорува на 18 – 20 см. Лозата има моќен, развиен коренов систем кој што опфаќа голем обем на почва, што и овозможува полесно да се снабдува со потребните хранливи материи од почвата. Исто така лозата има способност доста лесно да го извлечи и да го искористи фосфорот од тешко растворливите фосфорни ѓубрива.Во текот на овај месец се вадат лозичките од вкоренувалиштата, се складираат и се чуваат. Доколку во младите лозови насади се утврди присуство на заболени од рак лозови садници, потребно е да се откорнат и да се отстранат од насадот.

 

Поледелство

Во текот на овај месец се завршува со основното ѓубрењ со калиумови и фосфорни ѓубрива и се припрема почвата, длабоко се заорува, за сеење на пролетните култури. Нормите за ѓубрење се формираат по извршените агрохемиски анализи.

Пчеларство

Поволните топли денови во ноември овозможуваат пчеларот да се погрижи за пчелните семејства пред настапување на зимата. Се прегледуваат капаците на кошниците дали се добро затворени, а доколку не се треба тоа да се направи. На пчелните семејства треба да им се обезбеди смиреност, и до кошниците не треба да имаат пристап домашните и шумските животни.

 

 

 

 

Веста е преземена од https://agencija.gov.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close