fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделски комбинат од дивиденда наплати 8 милиони евра!

Во услови кога од земјоделите тешко се врзува крај со крај најголемиот земјоделски комбинат излезе компанија со најуспешна инвестициска компонента.

Вложувањата во зелена енергија се исплатливи само ако имаат бенефицирана цена од државата и ако струјата се произведува од ветар, од метан или од вода. Еве ЗК „Пелагонија“ чекаше седум години и од својата паметна инвестиција во „Пелагонија Енерџи“ наплати дивиденда од 8 милиони евра. За тие што не знаат, а мислат дека има пара во фотоволтаиците, „Пелагонија Енерџи“ прави струја од шталско кравјо ѓубре и за секој произведен мегаватчас наплатува 180 евра, објави faktor.mk

Од своето редовно работење ЗК „Пелагонја“ лани оствари добивка од 159.000 евра.Оваа добивка е остварена од приходи од продажба вредни 15 милиони евра. Заедно со дивидендата од „Пелагонија Енерџи“ добивката на битолскиот земјоделски комбинат изнесува 8,2 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close