Заврши бербата на доцните есенски култури во кумановско

Заврши жетвата и бербата на доцните есенски култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Овие култури беа засадени на вкупна површина од 12.020 хектари од кои земјоделците садеа на површина од 11.290 хектари, а земјоделските претпријатија на 730 хектари.

– Останува да се собере незначителен процент на зелка, чија берба може да заврши и кон крајот на декември, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Пченката беше засадена на површина од 3.885 хектари, компирот на 1.140 хектари, доматот на 411, гравот на 880 и лубеницата на 920 хектари. Приносите се намалени и кај претпријатијата и кај земјоделците, поради немањето услови за навремено сеење и садење, дождливото време и градот којшто го зафати овој регион.

Share Button