fbpx
Вести

Земјоделски саем во Кавадарци

kavadarci

Земјоделски саем по четврти пат се одржува во Кавадарци, во организација на кавадаречкото здружение „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винската култура, винскитуризам и производи од грозје.

– Сите заинтересирани на саемот можат да се запознаат со понудата на винска и земјоделска опрема и механизација, заштитни средства и средства за наводнување и прихранување, најразличен вид на расад, најновите достигнувања во агроиндустријата. Се со цел подобри и поголеми приноси во земјоделството, рече во изјава за медиумите претседателот Јован Еленов, заблагодарувајќи се на поддршката од кавадаречката локална самоуправа.

Директорот на саемот Панче Арсовски додаде дека благодарение на оваа манифестација која станува традиционална, земјоделците можат да се запознаат со тоа до каде стигнала науката во земјоделското производство.

– Имаме долга и убава земјоделска традиција која се негува со години наназад, па саемот е меѓу другото и прилика земјоделските производители да можат да научат доколку сакаат, нешто повеќе околу тоа како да ги спојат традиционалното и модерното. Заради подобри земјоделски резултати и развој на земјоделството и туризмот, рече Арсовски.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close