fbpx
Вести

Земјоделскиот инспекторат изрече казни во висина до 50 илјади евра

Четири компании за  производство  нa семенски материјал заработија парична казна од 30 до 50 000 евра од  инспекторатот за земјоделство , поради регистрирани неправилности во работата. Инспекторатот ги засилува контролите на терен.  Ќе врши увид на работата на производителите од почетокот на процесот, па се до пласманот на семенскиот материјал, со цел на земјоделците да им се обезбеди квалитетно семе.

zemjodelskiot inspektorat izreche kazni vo visina do 50 iljadi evra

 

Во изминативе 5 -6 месеци инспекторатот  посвети големо внимание на производството на семеен материјал. Од вкупно 21 регистриран производител кај четири фирми  се констатирани неправилности во работата и тоа  во  пакувањето, декларациите, поради што се санкционирани и им се изречени парични  казни, рече директорот на државниот инспекторат  за земјоделство Цветан Трипуновски.

Сите производители  имаат обврска кога ќе  ја  соберат  жетвата да го известат инспекторатот , за да можат надлежните да извршат контрола на квалитетот и на количината која е пријавена како семенски материјал. Од оваа година се воведуваат и  посебни вонредни контроли.

Македонија има квалитетна пченица, но со вонредните контроли дополнително ќе се потврдува. Уште еднаш апелираме дека инспекторатот ќе ги засили контролите на терен и нема да дозволиме манипулација било тоа да е од домашните производители или пак од увоз од трети земји, зошто без квалитетен семенски материјал не може да има квалитетно производтсво во земјава, рече Цветан Трипуновски- директор на државен инспекторат за земјоделство.

Во регистарот на инспекторатот на  земјоделство, вкупно се регистрирани 21 производител на семенски материјал.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close