fbpx
Агро бизнисВестиИнтервјуаМакедонијаТоп вести

Земјоделскиот инженер Петар Матовски осум години бил заглавен во судските лавиринти поради семенскиот материјал

За потребите на неговиот магистерски труд тој легално купил семенски материјал „канабис сатива л“ или индустриски коноп од Нови Сад и легално го внесол во земјава, за што има и печат од Државниот пазарен инспекторатот.

Земјоделскиот инженер Петар Матовски осум години бил заглавен со судските лавиринти поради неговиот научен труд.

За потребите на неговиот магистерски труд тој легално купил семенски материјал „канабис сатива л“ или индустриски коноп од Нови Сад и легално го внесол во земјава, за што има и печат од Државниот пазарен инспекторатот. Конопот го засадил на видно и прометно место и самиот ги поканил сите релевантни институции. Но, како што вели, први на терен дошле од Државниот инспекторат за земјоделство, кои го пријавиле во МВР, по што бил ставен во 30 дневен притвор, а семенскиот материјал одземен, објави kanal5.com.mk

Матовски бил осуден на две годишна казна затвор, но во последен момент бил ослободен благодарение на сведочењата на фармацевтскиот вештак Ариета Шабани и професорката Соња Ивановска од факуктетот за земјоделски науки од катедрата за генетика и селекција,

Матовски поддршка добил и адвокатот Јанаки Митровски, кој во изјава за Канал 5, објаснува дека станувало збор за неоснован прогон, бидејќи садниците со индустриски коноп кои Патер Матовски ги имал засадено воопшто немале психоактивни супстанци.

Сега, кога по осум години борба за докажување невиност, Петар Матовски е конечно ослободен, тој бара укинување на ПИМ мерките, поништување на неговото досие во МВР и јавно преку допис испратен до медиумите да му се извинат за уништеното реноме, поради, како што вели најмногу страдале неговите две малолетни деца.

Македонија е 14-та земја во Европа која го легализираше канабисот за медицински цели, но органите на прогонот и натаму поднесуваат кривични пријави доколку откријат кај граѓани, без разлика дали марихуаната е за лична употреба, нелегално продавање или научни цели како во случајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close