fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделството е ‘рбетот на руралниот развој, да се обезбеди поголема поддршка за ЛАГ-овите

-За да се подобри животот во руралните средини, клучни се многу активности, но земјоделството е ‘рбетот. Целта е да се намали дисбалансот меѓу урбаните и руралните средини, да се намали јазот кој е многу изразен. Одиме во добар правец, тоа е нотирано и во Извештајот на Европската Комисија.

Земјоделството е клучно за развој на руралните средини, но не помалку значајни се и другите ресори, посебно инфраструктурата, здравството, образованието и економијата. Со оглед дека ингеренциите на институциите се ограничени, неопходна е инклузивност – поврзување на општините, бизнисот и граѓанскиот сектор. Тоа засега го овозможуваат локалните акциски групи (ЛАГ-ови) иако поддршката за нивно функционирање е симболична, беше речено на  панел за Кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Како што истакна претседателот на „Рурална мрежа“, Петар Ѓоргиевски, засега во земјава има 13 ЛАГ-ови, но тие на ја покриваат целата територија на државата.

-За да се подобри животот во руралните средини, клучни се многу активности, но земјоделството е ‘рбетот. Целта е да се намали дисбалансот меѓу урбаните и руралните средини, да се намали јазот кој е многу изразен. Одиме во добар правец, тоа е нотирано и во Извештајот на Европската Комисија. Но, ингеренциите на институциите се ограничени, а заради комплексноста на руралниот развој, неопходна е поголема инклузивност и на другите ресори, инфраструктура, здравство, образование, економија,… Многу значајна алатка која ги обединува сите релевантни актери – општините, бизнисите и граѓанскиот сектор е локалната акциска група (ЛАГ). Процесот на формирање ЛАГ-ови е почнат, но тоа не е доволно. Воспоставен е и дијалог меѓу МЗШВ и ЛАГ-овите, но треба да се направи многу повеќе зашто некои од ЛАГ-овите постојат 7-8 години, а средствата што ги добиваат се симболични, истакна Ѓоргиевски. Според него, процесот на поддршка на ЛАГ-овите мора да е подинамичен и побрз за да не се изгуби волјата и ентузијазмот што постои кај тие луѓе и за приказната да биде успешна. На панелот се обратија и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, како и  Орхидеја Каљошевска од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close