fbpx
Вести

Земјоделството клекнато на колена: По бостанот и пченицата, катастрофална состојбата со пласманот на сливи

По катастрофалната состојба со бостанот и пченицата, сега сливите се на ред. Имаат одлична реколта, но и голем проблем со пласманот.

Производителите на сливи велат дека земјоделството е клекнато на колена. Годинава, иако има богат род во Источна Македонија, стравуваат дека истиот ќе им остане.

Во минатото велат дека се` се откупувало и не останувала ниту една слива, но сега ситуацијата не е воопшто таква.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски е глув за проблемите на земјоделците, додека тие мака мачат со родот.

Земјоделецот Оливер Маринков на својот Фејсбук статус пишува дека оваа влада е неспоособна и оти ги заборавиле земјоделците.

-Размислувам и не ми се верува!!! Гласав, беа избори, викаа краделе, викаа лажеле и ме убедија да гласам против нив. И утрово седам и си мислам, КОЛКУ ЗГРЕШИВ! Јас сум производител на сливи, дал бог род годинава, ама власт неспособна. СДС вие кои трчавте и не убедувавте, каде сте сега? Во фотелјите? Заборавивте на нас од нивите? Премиер кој израснал на нива, а нема време за земјоделците! Главна цел високи политики за мали луѓе, тоа ти е пред името и пред предавството на нацијата народецот нека цркне од маки за опстанок. Има уште многу да пишам ама ќе завршам со една реченица. НЕСПОСОБНИ СТЕ!!! Можеби крадеа, можеби лажеа, ама една сливка не остануваше, се` се откупуваше, вели земјоделецот .

 


 

kurir

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close