fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мечка дојде да се нагости кај поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски (ФОТО+ВИДЕО)

Во село Жировница, во дворот на поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски на гости влегла мечка. Таа не била поканета, па Пајкоски е многу лут и смета дека некој во државава треба да преземе мерки зашто има многу мечки. Тој сподели неколку фотографии од „пристојна далечина“ и поканува луѓе на гости за да се уверат.

Во село Жировница, во дворот на поранешниот пратеник Љатиф Пајкоски на гости влегла мечка. Таа не била поканета, па Пајкоски е многу лут и смета дека некој во државава треба да преземе мерки зашто има многу мечки. Тој сподели неколку фотографии од „пристојна далечина“ и поканува луѓе на гости за да се уверат.А мечката која тој ја „сликнал“ се чини дека се понадевала да најде нешто за јадење во кантата за отпадоци. Дали нешто исчепкала, се обидел и Пајкоски утрото да дознае.

Еве што по тој повод напиша Пајкоски:

„Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам, вие, умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението, Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница. Но, не сами, тику и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме со се што располагаме и да се штитиме самите и нашите имоти. Нека биде ова едно од последните укажувања“.

А еве сега и видео снимка на МКД.мк, но од друго место. Мечки заинтересирани за наоѓање храна во контејнери. Во истата општина каде живее Пајкоски – во Маврово – Ростуше.

Мечките се како во ноќна смена, пренесува https://mkd.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close