fbpx
ВестиТоп вести

Зголемен откупот на земјоделски производи

Во четвртото тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 10,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,1 отсто, додека продажбата на земјоделски производи од сопствено производство бележи раст за 4,6 проценти.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и млекото, а намалување кај градинарските растенија, живината и јајцата, млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во октомври и декември, додека во ноември е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close