Вести
Зголемен прометот со храна, пијалаци, тутун и горива
Во трговијата на мало, во јули годинава во споредба со јули лани, гледано по групи и класи, има зголемување на прометот во групите: „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун”, номинално за 8,6 проценти, а реално за 6,9 проценти и „трговија на мало со автомобилски горива”, номинално за 3,7 проценти, а реално за 6,6 проценти.
Намалување на прометот, пак, е забележано во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво”, номинално за 13,5 проценти, а реално за 13,6 проценти, и „трговија на мало, освен трговија со горива”, номинално за четири проценти, а реално за 4,6 проценти.