вести

Земјоделците ќе имаат обуки, најдобрите ќе бидат наградени

Со примена на нови агроеколошки мерки земјоделците од струмичко радовишкиот микро регион ќе го подобруваат нивното производство и ќе ја намалуваат примената на агрохемикалии и водата за наводнување. Планот е преку новите методи да се намали штетното влијание врз животната средина, да се заштитат водните ресурси во сливот на река Струмица, но и да се добијат поголеми приноси со помали производствени трошоци.

zemjodelcite kje imaat obuki najdobrite kje bidat nagradeni

 

Во обуките кои имаат теоретски и практичен дел и се реализираат во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ вклучени се вкупно 60 земјоделци.

Најдобрите учесници кои успешно ќе го поминат тестот на знаење ќе добијат грантови во висина од 300 илјади денари.

Поддршката за земјоделците ќе биде преку набавка на современа земјоделска опрема, како што се системи за микронаводнување, уреди за следење на влажност во почвата, системи за фертиригација, опрема за следење на појавата на болести и штетници и слично.

– Основната цел е преку овие мерки да воведеме практики кои што во иднина фармерите самостојно ќе може да ги применуваат, самостојно ќе може да го утврдат времето и количината, точната количина на вода според потребите на самата култура согласно фазите на раст и развој. Секако дека основна цел е преку самата апликација на водата да се аплицираат и хранливите материи, вели професорот Вјекослав Танасковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Проектот за управување со сливот на река Струмица има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје.

Проектот го спроведува Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион во партнерство УНДП и финансиска поддршка на од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close