fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зголемувањето на цените на горивата дополнителен удар за земјоделците

ВИДЕО

Поскапувањето на нафтените деривати драстично ќе ги зголеми трошоците за производство на зеленчук. Вака коментира Душко Стојанов од струмичко Просениково кој се враќаше од наводнување на пролетната зелка, објави 24 вести .

Според него, ова е дополнителен удар за земјоделците кои не знаат каков ќе биде пласманот, а на стартот се соочија со високи цени на репроматеријалите.

За Стојанов проблем е што одделни бензински не дозволуваат точење гориво во туби и канистри за земјоделски потреби. Можело да се точе само во трактори.

Драги Памуков во анализата на 24 Телевизија го повика министерот за земјоделство Николовски за предвремена исплата на субвенциите, но и исплата на „зелената нафта“ за да се амортизира колку толку ударот од поскапувањето на цените на репроматеријалите и нафтените деривати.

Од платежната агенција информираа дека исплатата на субвенциите за зелена нафта кои за 13 проценти ќе бидат повисоки се очекува на почетокот на летото. За ова година се планирани 330 милиони денари.

Лани се регистрирани  41.577 корисници на зелена нафта.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close