ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Ова се цените во земјоделството во февруари

(Oвој напис е објавен на: March 16, 2017)

kompiri

Индексот на цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.0%, а кај аутпутот

зголемувањето изнесува 5.4%.

Овие податоци се објавени денеска во соопштение на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.5.
Во делот аутпут, во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96.9.


 

фактор.мк