fbpx
Вести

Зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун

ceni

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2017 година, во споредба со март 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 2.9%, а реално за 4.3%), а во групата Трговија на мало, со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 17.9%, а реално е намален за 0.5%.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14.6%, а реално за 12.4%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6.9%, а реално за 6.2%).


 

бизнис.вести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close