fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Жешките цени ќе почнат да се ладат следната година, предвидуваат економистите

Инфлацијата ќе почне да забавува кога ќе почнат да се намалуваат цените на енергенсите, сметаат економистите. Ова го потврдија и од Меѓународниот монетарен фонд од каде оценуваат дека цените ќе растат до крајот на годината, а можно е да продолжат и наредната година

Инфлацијата во земјава зема сè поголем замав и доколку не се преземат соодветни и навремени мерки, тоа може да доведе до уште подлабока економска криза. Според економистите, инфлацијата ќе почне да забавува кога ќе почнат да се намалуваат цените на енергенсите. Ова го потврдија и од Меѓународниот монетарен фонд од каде што оценуваат дека цените ќе растат до крајот на годината, а можно е да продолжат и наредната година.

Генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека сите знаци укажуваат дека инфлацијата сè уште не е под контрола и заклучи дека е најважно да се воспостави контрола над неа, во спротивно ќе се намалат приходите.

-Цените на суровините, како нафтата, можеби се стабилизираа и почнаа да опаѓаат во последните месеци, но тоа не мора да значи дека инфлацијата е скротена, туку дека тоа е повеќе реакција на пазарните играчи на ризиците од рецесија. Централните банки ги засилуваат мерките за контрола на инфлацијата и тоа е приоритет. Тие мора да продолжат додека не стане јасно дека очекувањата за инфлација се цврсто закотвени, изјави Георгиева.

Потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија м-р Зоран Јовановски смета дека инфлацијата ќе почне да забавува кога ќе почнат да се намалуваат цените на енергенсите.

-Се покажа дека прогнозирањето на инфлацијата е неблагодарно. Пред година дена, кога се појавија првите сигнали за забрзување на инфлацијата во светски рамки, многумина оценуваа дека инфлацијата ќе биде само преодна и кратко ќе трае, но работите излегоа сосема поинакви. Инфлацијата ќе почне да забавува кога ќе почнат да се намалуваат цените на енергенсите, а во моментов е прилично неизвесно кога тоа ќе се случи. Важно е и тоа дека инфлацијата почна да го добива должното внимание од централните банки, кои веќе преземаат мерки, изјави за ВЕЧЕР, Јовановски.

Според него, кризата што ја предизвикаа високите цени на енергенсите силно ги погоди компаниите, бидејќи на краток рок е тешко да се обезбеди замена со поевтина енергија од други извори.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close