![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/274808888_10222692226346724_8092396028990681200_n_800x532-780x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и ветровито, од утре дожд и снег
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во петок ќе се зголеми облачноста. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.