fbpx
Вести

Житата добро напредуваат

Пченицата и јачменот добро напредуваат. Зимата ја поминаа успешно, но во моментов проблемот е високата влажност на почвата која не дозволува тракторите да влезат во нивите  за прскање на посевите.

7c826398fa850dab113c43e5e456af52-600x366

За почетокот на овој месец метеоролозите најавуваат повисоки температури со што и очекувањата на земјоделците се дека навреме ќе заврши третирањето за заштитата на растенијата од штетници и од болести.

Со есенската сеидба беа опфатени повеќе од 100.000 хектари со житни култури од кои поголемиот дел или скоро 80.000 хектари се со пченица.

Јачменот е засеан на 37.000 хектари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close