вестиТоп вестиХрана

Лозови лисја: Здрава храна на дофат на вашите раце

Листовите  на виновата лоза  не се чест гостин во нашите кујни и тоа треба да го промениме. Првенствено затоа што може да ја задоволат неделната потреба за внес на темно зелен зеленчук, што е 2 чаши за мажи и 1,5 чаши за жени. Иако содржи само 13 калории во една чаша, лисјата од лоза се богат извор на основни хранливи материи за нашето тело.

Влакна

Една чаша со лисја од лоза има 1,5 грама влакна. Потрошувачката на лисја од лоза го зголемува внесот на влакна. Ова значи дека овие лисја, и покрај фактот дека содржат многу малку калории, ќе ви помогнат да се чувствувате сити. Високата содржина на растителни влакна, физички, го исполнува желудникот и создава чувство на ситост, и помага да се забави варењето на храната, што резултира со постепено ослободување на шеќер во крвотокот.

Витамини А и К.

Лозовите лисја го зголемуваат внесот на витамини, затоа што тие се особено богат извор на витамини А и К, кои се растворливи во маснотии. Витаминот А им помага на нашите клетки да се развијат од нефункционални, незрели до дел од функционално ткиво. Нашите коски, кожата, дигестивниот тракт и системот за очи се потпираат на витамин А за да функционираат.

Витаминот К помага во контролата на згрутчувањето на крвта. Оптималното ниво на овој витамин овозможува формирање на згрутчување на крвта по повредите, што спречува прекумерно губење на крвта и го забрзува заздравувањето на раните.

Калциум и железо

Лозовите лисја исто така обезбедуваат калциум и железо, два основни минерали за функционирање на нашето тело. На нашето тело му треба калциум за коски и заби, а работата на нервите и мускулите исто така се потпира на овој минерал. Железото во лисјата од лоза овозможува здрава циркулација – овој минерал му помага на крвта да носи кислород низ целото тело.

Подготовка на лисја од лоза

Лозовите лисја најчесто се употребуваат за готвење  – сарма. Едноставно, пополнете ги листовите со мешавина од состојки кои сакате да ги искористите. Можете да ги наполните со пилешко и сецкан зеленчук или мелено месо и ориз.

За вегетаријанската варијанта, наместо месото, тофу сирењето може да се користи како извор на протеини и може да се додадат печурки за месна структура.

Лозовите лисја може да се користат и за правење чорби – со мешавина од брокула, кромид, кељ, лозови лисја и друг зелен зеленчук може да се направи  хранлив и вкусен оброк.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close