fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Жители на Ресава го чистеа Дабнишки канал од кој се наводнуваат нивите во овој атар

Не сакаме ништо да оставиме на случајноста и затоа ја презедовме оваа своевидна работна акција. Да обезбедиме повеќе вода, за да можеме да очекуваме богат и квалитетен род од земјоделските култури посадени во овој плоден дел на Тиквешијата, нагласи Ризов.

Жители на кавадаречкото села Ресава го чистеа Дабнишки канал, од кој се наводнуваат нивите во дабнишкиот и ресавскиот атар. Претседателот на месната заедница Ресава, Никола Ризов појасни за МИА, дека целта е земјоделските култури да можат подобро да се наводнуваат во текот на топлите денови, кога водата е неопходна за нивниот раст и развој. Тој истовремено ја пренесе пораката на сите што имаат земјоделски имоти овде, надлежните да преземат чекори за реконструкција на овој канал, за полесно и подобро наводнување во иднина, без проблеми како досега.

Живееме и имаме земјоделски имоти во еден од деловите на Тиквешијата што е познат по тоа што раѓа грозје со извонреден квалитет, од кое се прават висококвалитетни вина и ракии. Пишаните документи говорат дека во овој крај, уште од дамнина се произведувало толку квалитетно и густо вино, што во крпа можело да се носи. Не сакаме ништо да оставиме на случајноста и затоа ја презедовме оваа своевидна работна акција. Да обезбедиме повеќе вода, за да можеме да очекуваме богат и квалитетен род од земјоделските култури посадени во овој плоден дел на Тиквешијата, нагласи Ризов.

Како што појасни Ризов, водата во каналот е од Дабнишката река. Тој изрази благодарност до кавадаречки „Комуналец“ и општината Кавадарци, за поддршката за реализација на оваа акција. Ресавци и порано, заедно со Дабништани, на крајот на април месец, вршеа чистење на овој канал, со цел подобро водоснабдување во земјоделството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close