fbpx
ВестиМакедонија

Започна расчистувањето на каналската мрежа во Битолско

Во последните три години Општина Битола одвоила околу 600.000 денари за чистење на канали во населените места Буково, Логоварди, каналска мрежа кон Долно Српци и Доленци, село Лавци и еве сега во село Крклино. Во рамките на овие активности, исчистени се канали со вкупна должина од околу 6 километри.

Согласно временските прилики и утврдената програма на Општина Битола, започна расчистувањето и оспособувањето на каналската мрежа на територијата на општината. Активностите се насочени кон заштита од поплави, односно заштита на имотот и безбедноста на жителите, претежно во руралниот дел од општината, соопшти денеска Влатко Шеровски советникот од СДСМ во Советот на Општина Битола.

Според него во последните три години Општина Битола одвоила околу 600.000 денари за чистење на канали во населените места Буково, Логоварди, каналска мрежа кон Долно Српци и Доленци, село Лавци и еве сега во село Крклино. Во рамките на овие активности, исчистени се канали со вкупна должина од околу 6 километри.

Акционерското друштво Водостопанство, подружница Битолско поле, пак, изминатите три години, интервенирало во селата Лажец, Бистрица, Олевени, Барешани, Црнобуки, Егри, на реката Шемница и секаде онаму каде што биле повикани. Битолско поле исчистило вкупно околу 190 километри каналска мрежа. Во неколку наврати, на повик на жители, чистен е и петтиот канал кој поминува низ село Кравари. Заедно, Општина Битола и Битолско поле, исчистиле околу 200 километри канали на територијата на општината.

-И покрај посветеноста на Општина Битола и Битолско поле каналската мрежа да се одржува чиста за да се спречат поплави и штети по имотот и сопственоста на жителите на населените места, останува апелот сите да се однесуваат одговорно, да не фрлаат шут и други материјали во каналите и да ги одржуваат чисти. Сите жители на населените места, пак, кои имаат потреба од интервенција за чистење на канали, нека се обратат или во Општина Битола или во Битолско поле. порачува Шеровски.

Според информација на советникот Градежниот факултет Скопје ја заврши ревизијата на проектот за реконструкција на патниот правец Битола – Меџитлија. За најмногу две недели од сега, ќе биде распишана јавна набавка за реконструкција на овој патен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close