Жители на село Пештани фатени со мрежите и рибите во криволов, едниот лажел дека му го украле кајчето
Двајца жители на охридското село Пештани добија кривична пријава за незаконит риболов, откако биле фатени како излегуваат од езерото со мрежи и риби, а едниот од нив следниот ден лажно пријавил дека некој му го украл кајчето, велат од полицијата.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.В.(61) од село Пештани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „незаконит риболов” и „лажно пријавување на кривично дело” и против Г.М.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”. На 02.07.2022 во село Пештани, полициски службеници ги затекнале пријавените како со пловен објект излегуваат од Охридското Езеро, а при извршениот преглед пронашле и одзеле четири рибарски мрежи и повеќе парчиња риба. Исто така, првопријавениот, на 03.07.2022 лажно пријавил кривично дело „кражба”, изјавувајќи дека неговото кајче е украдено“, се вели во полициското соопштение.https://www.slobodenpecat.mk/peshtanci-fateni-so-mrezhite-i-ribite-vo-krivolov-edniot-lazhel-deka-mu-go-ukrale-kajcheto/