Жителите и фирмите од југоистокот ќе транзитираат низ Штип додека се проширува делницата од Три Чешми до мостот на река Брегалница
Во текот на минатиот месец граѓани и бизнис секторот од Штип имаа петиција да не се дозволи транизитирање низ штипските улици
Жителите и фирмите од југоисточниот регион ќе транзитираат преку градот Штип, додека се проширува патот од штипската приградска населба Три Чешми до мостот на реката Брегалница, а е дел од регионалниот пат Штип-Радовиш. Општина Штип достави барање до Агенцијата за државни патишта да не се транизитира низ улиците на Штип, туку да се најде друга алтернатива, но директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Ристеми со одговор дека кога некој пат е во фаза на градба, мора да се искористат сите можни ресурси, за да заврши градењето.
-Затоа ние се извинуваме на сите граѓани, бидејќи во моментов кога се гради, по некој пат треба да се движи целокупната машинерија, која е вклучена во изградбата на патот. Ние сме во секојдневна комуникација со надзорот и со нашиот инжињер и со изведувачот, што помалку да се користат патиштата во населените места. Но, за жал некаде мора да ги искористиме, рече Рустеми, при денешниот увид во градежните работи на експресниот пат од Крупиште до Кочани.
Во текот на минатиот месец граѓани и бизнис секторот од Штип имаа петиција да не се дозволи транизитирање низ штипските улици, бидејќи на дел од нив има и стари склонопадни куќи, кои можат да се урнат, а нивните сопственици со години не можат да ги реконструираат, бидејќи се заштитени од страна на државата.https://24info.mk/%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-