fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жителите на Ново Село протестираат против топилницата

,,На загадувачите од Г1 тешка и загадувачка индустрија не им е местото во оваа рајска долина! Алуминиумот не се пие!”

Во тек е протестот против леарницата/топилница на територијата на о. Ново Село, на падините на Беласица.

,,На загадувачите од Г1 тешка и загадувачка индустрија не им е местото во оваа рајска долина!

Алуминиумот не се пие!”.

Невладината организација „Екодолина“ пред зградата на Општина Ново Село, го организира протестот за стопирање на изградбата на тешка загадувачка индустрија Г1, односно топилница за алуминиум, која се гради на 80 метри од единствениот ископ за снабдување со вода за Ново Село. Освен тоа, тие реагираат и за неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категоријата Г1, во подножјето на селото Смолари, зелениот бисер на Беласица.

Тие бараат да се објават сите документи, особено технолошките, да се поништи градежната дозвола, да ѝ се одземат ингеренциите на Општината за издавање градежни дозволи, да влезе државна ревизија и да ги прочешла целата Општина и нејзиното работење и градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка. Велат дека се добредојдени сите, од сите политички партии, но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close