До крајот на неделава ќе почне исплатата за субвенциите за тутунот

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Државата продолжува со грижата за земјоделците и исплатата на субвенциите.

 

 

Во последните 5 години на  земјоделците од Преспа им се исплатени 9 милиони евра, од кои над  7 милиони биле наменети за овоштарите информираше лидерот на владеачката партија Никола Груевски при посетата на Ресен.

– Процесот и натаму тече и  државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и  тоа ќе продолжи и во иднина.

Груевски информираше дека до крајот на оваа недела ќе почне и исплатата на субвенциите за тутунот предаден после 16ти јануари.

За оваа намена се издвоени 500 милиони денари.