Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Жителите на Општина Битола кои претрпеле штета врз земјоделските култури да поднесат барање за надомест на штета
ВАЖНО за земјоделците од Општина Битола
После обилните врнежи од дожд, наместа проследени со град и невремето кое ја зафати Битола на ден 24.05.2022 година се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета врз земјоделските култури да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите на Општина Битола.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
• имотен лист/доказ за сопственост (договор за закуп)
• копија од лична карта
• копија од трансакциска сметка.
Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола ќе изврши проценка на штетите на терен.
Барањата може да се доставуваат од 15.06.2022 заклучно со 23.06.2022 година од 9 до 15 часот.
Барањето за надомест на штета, може да се преземе од следниот линк https://www.bitola.gov.mk/izvestuvanje-za-nadomest-na-steta/