fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Жителите на село Милино протестираа поради уништениот пат од тешки камиони кои го превезуваат ожнеаното жито

Жителите на село Милино најавија дека ќе продолжат со блокадата на патот, а со тоа ќе биде стопиран и транспортот на ожнеаното жито од овој дел на Овчеполието сè додека не добијат писмено ветување од страна на градоначалникот на о. Лозово, Бошко Цветковски дека патот ќе биде саниран.

На три пункта жителите на село Милино вчера ги блокираат локалните патишта кои водат кон Лозово и Каратманово, а причината за незадоволството е лошиот пат, кој според нив е уништен од тешките возила, кои таму сообраќаат.

„По овој локален пат поминуваат шлепери од по 50 тони, транспортираат жито, а дозволена носивост е 7 тони. Ова се случува откако започна жетвата. Патот е уништен, а знаеме каква е постапката и колку време ќе помине додека ни го поправат или асфалтираат.“ – велат жителите од село Милино, лоцирано во општина Лозово. Жителите на село Милино најавија дека ќе продолжат со блокадата на патот, а со тоа ќе биде стопиран и транспортот на ожнеаното жито од овој дел на Овчеполието сè додека не добијат писмено ветување од страна на градоначалникот на о. Лозово, Бошко Цветковски дека патот ќе биде саниран. https://24.mk/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close