fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Жителите од прилепско Беровци против најавената експропријација на земјиштето за автопатот Прилеп-Битола

Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот.

Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им се одземе плодната земја за изградба на придружни објекти, асфалтна база и бараки за работниците од странство. Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот. Имаат и правен застапник и не се откажуваат од барањето надлежните да се откажат од, како што велат, неразумното решение. Денеска жителите излегоа на протест на посоченото земјиште за експропријација.

-Како што од Бехтел и Енка ни е најавено, на ова приватно земјоделско земјиште планираат да изведуваат градежно земјиште, односно планираат да изградат паркиралиште за механизација, асфалтна база и бараки за работници од странство. Сметаме дека вака најавената екпропријација е нерационална. Непотребно им се одзема земјиштето за несуштински цели и на таков начин им се нанесува штета на жителите на населеното место Беровци. Им се одзема приватно земјоделско земјиште кое го поседуваат со генерации од кое живеат и егзистирааат. Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат и е на околу 1 километар од предвидената траса, изјави Ангела Ѓориоски, правен застапник на жителите на селото Беровци.

Жителите очекуваат надлежните државни институции и локалната самоуправа да реагираат за корекција на, како што велат, овој апсурд во најава, додека штетата сѐ уште не е направена бидејќи постои логично решение на овој проблем од кој би биле задоволени интересите на сите страни.

-Ние понудивме конкретно решение зашто во непосредна близина има огромни неискористени парцели на државно земјиште, 100-тина хектари, на кои „Бехтел и Енка“ би можеле непречено да ги извршуваат своите градежни активности без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експрпријација и да плаќа надоместоци, објаснува Ѓорѓиески.

Ниту жителите, ниту нивниот правен застапник нема да се откажат од барањето да не се одземе плодното земјиште кое неповратно же биде уништено.

-Со оваа петиција предупредуваме дека нема да дозволиме да биде загрозена егзистенцијата на локалното население. Свесни сме дека изградбата на автопатите е од јавен интерес, но нема повисок јавен интерес од опстанкот на населението кое во оваа ситуација е подложено на нерационални апсурдни закани за кои има сосема едноставни решенија. Моментално имаме најава од Бехтел и Енка дека е поднесен предлог до Владата да се експроприра ова земјиште. Ние им ги посочивме државните парцели кои се непосредно до приватните и до денес нема никаков одговор, изјави правниот застапник Ангела Ѓорѓиески.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close