fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Македонците со просечна плата од 400 евра навалија на ол инклузив аранжмани

Причината зошто голем дел од македонските граѓани се одлучуваат за овој тип на аранжмани е што не треба да се грижиш за ништо од пат па се до сместување, храна, пијалаци…

Ако сакате да одите на одмор а да не вадите паричник. all inclusive аранжманите се најдобра опција. Освен што нема да размислувате дали имате ситни евра,  долари, лири… нема да размислувате ни за појадок, ручек, вечера, како ни за цените на лежалките. На плажа имате шанкови со разни пијалаци за освежување, како и содржини за забава за деца и за возрасни. Исто така нема да ви биде потребен такси превоз, бидејќи има организиран автобуски превоз од аеродромот до хотелот.

Од туристичките агенции велат дека интересот за all inclusive аранжмани во последниве две години е голем, а причината зошто голем дел од македонските граѓани се одлучуваат за овој тип на аранжмани е што не треба да се грижиш за ништо од пат па се до сместување, храна, пијалаци…

-Аll inclusive аранжмани имаме речиси за секоја дестинација, Грција, Црна Гора, Албанија, Египет, Малдиви… Има клиенти кои овој тип на услуга го бараат и за Грција, а тоа го добиваат кога ќе резервираат хотелско сместување. Секој хотел  нуди тип на услуга која си ја одбира клиентот, може да одбере само ноќевање со појадок и вечера, или пак со се вклучено – аll inclusive. Ваков тип на услуга имаме и за аранжманите во Албанија, нормално оние кои одбираат хотелско сместување. Најчесто македонските граѓани ги одбираат аll inclusive аранжманите за Анталија, Аланија, Сиде, Белек, Кемер – Турција и за Хургада – Египет. Кога се во прашање овие аранжмани платени се авионскиот билет, аеродромските такси, трансфери од аеродром до хотел и обратно, како и сместување со одбраниот тип на услуга, велат за ВЕЧЕР од туристичката агенција ЈК „Травел“.

Цените на аll inclusive аранжманите зависи од видот на хотелот, од тоа кога е направена резервацијата, како и од временскиот период кога одите на одмор. Така на пример во моментов за седумдневен all inclusive аранжман за Турција ќе платите 375 евра по лице. Турција е земја која знае како да го работи all inclusive концептот, во хотелите запазени се сите протоколи и многу се внимава на хигиената и токму затоа последниве години многу македонски граѓани се одлучуваат својот летен одмор да го поминат токму во оваа дестинација.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close