fbpx
Вести

Повеќе пари за земјоделците со ИПАРД 2

povekje pari za zemjodelcite so ipard 2

Со новиот ИПАРД 2 оглас кој треба да биде објавен овој месец, земјоделските стопанства можат да побараат пари за реконструкција на досегашните и за реализирање нови инвестиции. Кофинансирањето е поголемо и се движи од 60 до 70 проценти.

 

На огласот кој треба да се објави овој месец, сите регистрирани земјоделци, правните лица и земјоделските задруги можат да побараат финансиска поддршка од новата ИПАРД 2 програма.

Финансирањето е 60 проценти за една инвестиција. За младите земјоделци паричната помош е поголема и изнесува 65, а за земјоделските стопанства во планински области 70 проценти.

Зголемена стапка на кофинансирањето за 10 процентни има и доколку се работи за инвестиции кои се однесуваат на системи за складирање, за намалена употреба на азотните ѓубрива, енергетска ефикасност или за производство на био-енергија и третман на отпадните води.

Најниска вредност на вкупните прифатливи трошоци е 3.000, а максималната 1.500.000 евра.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close