fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Министерот за земјоделие Аријант Хоџа во посета на Стрежево

Клучна тема беше изминатата сезона за наводнување и преземените мерки и активности од перспектива на користење на водните ресурски, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржување на Хидросистемот Стрежево, и значењето на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

Во работна посета на хидросистемот „Стрежево“ во Битола вчера беше министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство, Аријант Хоџа.

На средбата покрај одличната соработка со министерството, клучна тема беше изминатата сезона за наводнување и преземените мерки и активности од перспектива на користење на водните ресурски, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржување на Хидросистемот Стрежево, и значењето на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

– Со министерот Хоџа заклучивме дека во извонредно сложени услови, во пандемија од ковид-19 и суша од невидени размери, Стрежево максимално одговорно управуваше со хидротехничките објекти и обезбеди оптимални услуги на корисниците на вода за наводнување на земјоделските површини.

Исто така, оваа година претпријатието ги реализираше во целост преземените обврски од Договорот за концесија на рибниот фонд, дејност во директна надлежност на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стрежево останува посветено на планирањето и управувањето со рибниот фонд во акумулацијата Стрежево, преку овозможување на трајно користење на рибите низ одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.

Дискутиравме околу примарните цели на националната земјоделската политика преку мерки и инструменти на државата, а во врска со одржливиот развој на руралните подрачја, обезбедување на стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и зголемување на конкурентната способност на земјоделството – изјави по средбата директорот на Стрежево, Методија Граматковски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close