fbpx
Вести

Злоупотребени 960 хектари државно земјоделско земјиште во Штипско-карбинскиот регион

Државниот инспекторат за земјоделство констатирал злоупотреба на државно земјоделско земјиште на површина од околу 960 хектари во Штипско-карбинскиот регион.

zloupotrebeni 960 hektari drzhavno zemjodelsko zemjishte vo shtipsko karbinskiot region

 

Директорот на Инспекторатот Цветан Трифуновски на прес-конференција соопшти дека при извршените контроли направени во периодот јули – август откриени се злоупотреби кај три правни субјекти.

Во еден случај утврден е прекршок предвиден со Законот за земјоделството и руралниот развој за што е започната постапка за одредување на висината на глобата, а кај друго правно лице се утврдени прекршоци од повеќе закони  и констатирано е противправно користење на површина од 596 хектари државно земјоделско земјиште.

Кај третото правно лице утврдени се прекршоци од Законот за земјоделско земјиште за што е доставен предлог до Министерството за земјоделство за раскинување на договорот за долгорочен закуп, а дополнително се утврдува и евентуална злоупотреба на користење земјоделски субвенции.

Дополнително откриени се и насади со пченица на површина од 70 хектари без договор за закуп по што од страна на Државниот инспекторат за земјоделство е ангажирана механизација и ожнеаниот род во вкупна количина од 296 тони пченица е одземен.

– За оваа констатација на ДИЗ за противзаконска обработка на земјоделско земјиште во државна сопственост е известено МЗШВ кое во иднина во транспарентна постапка на оглас ќе биде доделено на вистинските земјоделци, рече Трифуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close