вестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците ја нарушуваат тишината додека траат карантините во тетовско

Тишината за време на тридневниот карантин во тетовско ја нарушуваа неколкуте земјоделци кои на нивите ги засадуваа земјоделските култури.

Земјоделците велат дека кога започнала епидемијата и покрај намалената продажба тие не се откажале од нивната дејност. Со исто темпо продолжуваат со своите активности. Продажбата им е намалена, но како што велат од домашно производство не треба да се откажаме, ако знаеме дека границите се затворени, а пандемијата го доживува вториот пик во Македонија

-За продажба е многу тешко, границите се затворени, ние многу вложуваме не се откажуваме, можеби Владата ќе ни помогне во вакво време да го продадеме производот, вели еден земјоделец од тетовска Стримница.

Во време на полициски час тие се соочуваат со уште еден проблем. Дел од нив велат дека обработуваат големи површини, но додека трае тридневниот карантин добиле дозвола за движење на еден член од семејството. Еден човек не може да справи со толку голема површина, се жалат тие.

-Даваат дозвола за еден човек, а еден човек не може да ја изработи цела површина, треба да дадат дозвола за цело семејство. Многу тешко еве во Струмица затоа што беа затворени границиите голем дел од произведеното земјоделците го фрлија, ако не се отворат границите и ние тука од тетовско ќе треба да го фрлиме произведеното. Нние имаме и овци. Кога ги чувавме на поле, велеа дека едно лице може да чува 300 овци, нека дојдат сами да видат дали може или не. Ние се убиваме од работа, не знаеме дали ќе продаваме курбани и тоа што сме саделе, посочи еден земјоделец.

И во време на пандемија има и такви кои се оптимисти. Земјоделецот Борче Илиевски од тетовско Фалише вели дека засега добро му оди работата.

-Мора да признаеме дека сега е малку потешко, но фала ми на господа работата пак си тече. Кај нас оваа криза еве конкретно кај мене не се чуствува многу. Сега моментално садам пченка тоа ми е за стоката дека дома чувам стока, а  зеленчукот и овошјето го продавам на пазар во Тетово, вели земјоделецот Борче Илиевски од тетовско Фалише.

Не само пандемијата туку и лошите временските прилики направија штета на земјоделците. Во месец мај температурите се спуштија под нулата, а дел од засаденето се уништи претежно зеленчук. Дополнително земјата е сува и поради немање на врнежи на што голем дел од земјоделците се крстат секоја година, затоа што 60 од системот за наводнување во тетовско не функционира.

З.Димовски

Слични написи

Back to top button
Close