вести

ЗНАЧЕЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ОРГАНСКА ХРАНА

anakiev

Производството на органска храна, нејзината реализација и побарувачка не се разликува од вкупната слика на развој на прехрамбениот синџир и се можеби мала, но суштествена алка од него, со особен акцент од страна на Државата за идниот развој. Органското производство на храна се развива со висок раст пред последните десетлетија во Светот, а делумно и кај нас. Луѓето стануваат се позаинтересирани од тоа каква храна ќе постават на трпезата, дали таа е здравствено безбедна, вкусна, квалитетна и дали незиното производство не ја нарушува рамнотежата на животната средина и здравјето на животните, дали таа е усогласена со концепцијата за обезбедување на безопасна иднина на следените генерации. Влијанието врз одржливото функционирање на ланци на понуди на органска храна, освен експертите на производството има и аспекти на нејзината дистрибуција, можностите за развој на ланец за доставување, маркетинг, цените, подготвеност на потрошувачката да конзумира органски производи, увоз и извозот на таквите производи и друго.

Форсирањето на органско земјоделство- растително производство, сточарството, пчеларството, води до намалување на користење на минерални ѓубрива, пестициди, се намалува загадувањето на почвите и водите, а како целина води до земјоделство усогласено со добрите земјоделски практики. Тоа од своја страна е придонес за подобрување на менацирањето со водите, како и на ѓубривата и пестицидите. Како дополнителна мерка ќе придонесе за примена на штедливи пракси во обработката на површините за предупредување на почвената ерозија и за борба со климатските промени. Мерката или позитивно влијание и на некои социјални аспекти – имено: со органско земјоделство и производство на безбедна храна почнуваат да се намалуваат и повеќе млади и невработени   во селските реони.

Воведувањето на екстензивна земјоделска пракса ќе има позитивно влијание врз флората и фауната и како цело врз природните и полуприродните екосистеми. Мерките кои се применуваат во органското земјоделство се очекува да имаат влијание (позитивно) и во одржливиот развој на селските реони, како придонес за животната средина, ублажување на последиците од климатските промени и поддршка на мали и средни воглавно семејни фарми.

Дали очекувањата ќе се реализираат на прво мест зависи од самите производители на органска храна, таа бара напор, труд, постојаниост и обединувње, а на второ место до голем степен зависи од нивото на државна поддршка, државните органи треба да ги оценат многубројните користи од развој на огранско земјоделство во Македонија и да го поддржат, бидејќи претставува комплексен производен систем со кој се совпаѓаат практики за зштита на животната средина и природните ресурси, поддршка на биодиверзитетот ,  хуман однос  кон животните и здравјето на луѓето.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close