Закуп на земјиште за одгледување кози

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

zakup na zemjishte za odgleduvanje kozi

Во Гевгелиско е објавен досега прв оглас од ваков вид за закуп на 2,6 хектари државна земјоделска површина. Понудената парцела е наменска и ќе се користи за изградба на современа фарма за кози со сите потребни придружни објекти.

На огласот се понудени скоро 3 хектари државно земјиште во регионот на Гевгелија.

Услов за учество е понудувачите да достават бизнис план или програмата за козарска фарма со придружни објекти со минимална инвестиција од 300.000 евра и со рок на изградба од 4 години.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност односно најголем број бодови ќе има населението или правното лице во однос на близината до земјиштето.

Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од катастарската класа и тоа од 15 до 25 евра за хектар.

Огласот тече од 17 декември а понудите треба да се достават во рок од 30 дена од неговото објавување.