Зошто да преминам во органски поризводител
Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“, поддржан од WE Effect заедно со Проектот ИМЕ (Increasing Market Employabolity – IME) организира обука за органско производство на која гости беа претставници од Агро Центар за едукација и Балкан Биосерт. Настанот се одржа во Швајцарскиот контакт центар во Скопје, а истиот беше наменет за членовите на Мрежата на жени фармери – МЖФ при ФФРМ. Гости говорници и предавачи на работилницата беа: Љупчо Тошев од Фондација Агроцентар, Габриела Митриќеска Мицевска од ИМЕ, Валентина Колар-Јовановска од од Балкан Биосерти Иван Стојанов. Настанот започна со краток состанок на жените фармери на кој тие ги координираа активностите на МЖФ, а по воведот во органското производство се дискутираше поконкретно за прашањето „Зошто да преминам во органски производител?“ итн. Со конкретни примери беше објаснето кои се факторите кои влијаат на органското производство и како се планира конверзијата од конвенционален во органски производител. Жените фармери од разни краеви на Македонија добија повеќе информации за тоа кои се финансиските импликации од органското производство и кои се сите придобивки за нив како земјоделци.
El correo electrónico no es seguro y puede haber vínculos débiles en el proceso de envío, transmisión y recepción de correos electrónicos. Si se aprovechan las lagunas, la cuenta se puede descifrar fácilmente.