fbpx
ВестиТоп вести

Пазарот со јаболката ќе се стабилизира со изградба на откупни центри со кои ќе менаџираат самите производители

Преку проект од Светска банка, Преспа ќе добие три откупно – дистрибутивни центри со капацитет секој од по 5 илјади тони јаболка. Покрај тоа ќе се гради и преработувачки центар за јаболка со капацитет од 10 илјади тони јаболка. Пере Транталовски, овоштар од Преспа кој е дел од работната група во која учествуваат овоштари, професори од Земјоделскиот факултет во Скопје како и професор експерт од Бугарија открива дека се работи интензивно на проектот за откупните центри.

Она што се знае дека центрите ќе бидат на државни плацеви во Преспанскиот регион, а ќе ги раководат самите производители, не трговците. Потребната документација за центрите ќе се подготвува до април 2020 година по што ќе се започна со нивна реализација.

Откупните дистрибутивни центри според Транталовски ќе го стабилизираат пазарот и профитот ќе оди во џебот на производителите, а не на трговците со јаболка.

-Проблемот со откупот на јаболката и откупувачите е константен бидејќи откупувачите ја диктираат цената, а сега со новите откупно – дистрибутивни центри ќе се сменат работите. Ние производителите ќе менаџираме со откупните центри ќе бараме пазари и профитот ќе биде кај овоштарите. Значи ќе се стабилизира пазарот , трговците нема да го берат „медот“, туку профитот ќе биде кај нас, објаснува Транталовски.

А.Б

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close