fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зошто е добро да се јадат костени?

Јаткастите вкусни костени кои се карактеристични за овој период од годината сѐ повеќе и повеќе стануваат актуелни, благодарение на богатиот состав од витамини и минерали со кои изобилуваат.

Јаткастите вкусни костени кои се карактеристични за овој период од годината сѐ повеќе и повеќе стануваат актуелни, благодарение на богатиот состав од витамини и минерали со кои изобилуваат.Еден питом, јадлив костен содржи околу 50% вода, белковини и јаглено – хидрати, а неговата најважна состојка е скробот.

Исто така костените изобилуваат со калциум, магнезиум, хлор, железо, бакар и манган, а содржат и фосфор и витамини од групата Б.

Поради големото количество на скроб, од костените може и веќе се прави брашно кое се добива со ситнење на костените, кое измешано со бело или интегрално брашно се користи за правење леб, тестенини, колачи и торти.

Главно скробот, но и останатите корисни компоненти на костенот, ги натерале кулинарските експерти ширум светот да ги користат костените во нивните главни јадења, како за подготвување на супи, сосови и да ги употребуваат во разни комбинации со месо.

Печените костени имаат поголема енергетска вредност, поголем состав на белковини, масти, витамини и два пати поголема концентрација на јаглено – хидрати. Содржат витамин Е кој го нема кај варените костени. Кај нив е зголемена концентрацијата на минерали.

Какви здравствени придобивки се добиваат со редовното консумирање на костени?


  • содржат огромен процент на витамин Ц и имаат многу ниско ниво на масти. 30 грама костени содржат околу 70 калории, па поради тоа костените се идеална храна која треба често да се внесува ако се сака да се намали некој килограм;

  • честото консумирање костени го зголемува формирањето на црвените крвни зрнца во крвта како резултат на фолната киселина и витаминот Б9, кои се карактеристични само за овие јаткасти плодови;

  • за регулирање на крвниот притисок, за намалување на нивото на холестерол во крвта, за внесување на потребните дневни количини на фосфор и магнезиум, како и за задоволување на дневните потреби на витамини и минерали, доволно е дневно да се внесуваат по 85 грама костени;

  • иако содржат голем процент скроб, истражувачите откриваат дека костените не содржат глутен, податок кој уште повеќе ја зголемува нивната употреба;

  • јадливи се само питомите костени. Дивите костени имаат друга примена. Чај од диви костени помага при лекување на астма и бронхитис, а додаден како состојка во разни кремови, успешно лечи проширени вени и се справува со целулитот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close