Зошто полномасното млеко е покорисно од нискомасленото?
Многу диетолози советуваат полномасното млеко да се избегнува за да се спречи дебелината и високиот холестерол. Истражувањата покажуваат дека млекото не треба да се демонизира, бидејќи неговата масленост, не влијае воопшто лошо врз здравствената состојба.
Полномасното млеко го намалува ризикот од дијабетес
Иако полномасното млеко е со повисока содржина на калории и јаглехидрати , тоа го намалува ризикот од развој на дијабетес со до 46%. Ова докажува едно истражување спроведено на Универзитетот во Тјолејн, Њу Орлеанс.
Научниците ги разгледале податоците на повеќе од 3.000 пациенти на возраст меѓу 30 и 75 години за период од 15 години. Тие утврдиле дека отстранувањето на полномасно млеко од исхраната не го намалува ризикот од дијабетес, дури напротив.
Тоа е затоа што обезмастеното млеко е сиромашно на калории и масти, но побогато на јаглехидрати, што го зголемува гликемискиот индекс.
Полномасното млеко штити од дебелеење
Иако природното млеко е позаситено со калории од нискомаслено, тоа штити од дебелеење.
Една чаша нискомаслено млеко содржи околу 90 калории, а една чаша полномасно – околу 157 калории и 8,6 грама масти, пишува healthmeup.com. Сепак, неколку претходни истражувања докажуваат дека полномасното млеко влијае позитивно врз редукцијата и контрола на тежината.
Студија од оваа година, објавена во The American Journal of Clinical Nutrition утврди дека полномасно млечни производи го намалуваат ризикот од прекумерна тежина кај жените со околу 8%.
Друга студија од 2013 година, пак, покажува дека мажите на средна возраст наддаваат помалку на килограми, ако поредовно се консумираат полномасно млеко и млечни производи, отколку оние кои повеќе ги избегнуваат.
Полномасното млеко го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
Истражувања во оваа насока покажуваат дека потрошувачката на полномасно млеко и млечни производи индиректно помага на работата на кардиоваскуларниот систем со што го намалува ризикот од дебелеење. Дебелината ја отежнува работата на срцето и крвните садови, а при нормална тежина ризиците се намалуваат.
Сите овие истражувања докажуваат дека потрошувачката во умерени количини на необработена храна се поздрава варијанта. Консумацијата на прочистени и вештачки ниско калорични производи крие голем број на ризици.