Зошто полномасното млеко е покорисно од нискомасленото?

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Многу диетолози советуваат полномасното млеко да се избегнува за да се спречи дебелината и високиот холестерол. Истражувањата покажуваат дека млекото не треба да се демонизира, бидејќи неговата масленост, не влијае воопшто лошо врз здравствената состојба.

da-se-pie-mleko-ili-ne-prashanje-e-sega-122014
Полномасното млеко го намалува ризикот од дијабетес

Иако полномасното млеко е со повисока содржина на калории и јаглехидрати , тоа го намалува ризикот од развој на дијабетес со до 46%. Ова докажува едно истражување спроведено на Универзитетот во Тјолејн, Њу Орлеанс.

Научниците ги разгледале податоците на повеќе од 3.000 пациенти на возраст меѓу 30 и 75 години за период од 15 години. Тие утврдиле дека отстранувањето на полномасно млеко од исхраната не го намалува ризикот од дијабетес, дури напротив.

Тоа е затоа што обезмастеното млеко е сиромашно на калории и масти, но побогато на јаглехидрати, што го зголемува гликемискиот индекс.

Полномасното млеко штити од дебелеење
Иако природното млеко е позаситено со калории од нискомаслено, тоа штити од дебелеење.
Една чаша нискомаслено млеко содржи околу 90 калории, а една чаша полномасно – околу 157 калории и 8,6 грама масти, пишува healthmeup.com. Сепак, неколку претходни истражувања докажуваат дека полномасното млеко влијае позитивно врз редукцијата и контрола на тежината.

Студија од оваа година, објавена во The American Journal of Clinical Nutrition утврди дека полномасно млечни производи го намалуваат ризикот од прекумерна тежина кај жените со околу 8%.

Друга студија од 2013 година, пак, покажува дека мажите на средна возраст наддаваат помалку на килограми, ако поредовно се консумираат полномасно млеко и млечни производи, отколку оние кои повеќе ги избегнуваат.

Полномасното млеко го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
Истражувања во оваа насока покажуваат дека потрошувачката на полномасно млеко и млечни производи индиректно помага на работата на кардиоваскуларниот систем со што го намалува ризикот од дебелеење. Дебелината ја отежнува работата на срцето и крвните садови, а при нормална тежина ризиците се намалуваат.

Сите овие истражувања докажуваат дека потрошувачката во умерени количини на необработена храна се поздрава варијанта. Консумацијата на прочистени и вештачки ниско калорични производи крие голем број на ризици.